Ако Офели Клод-Боксбергер, француската шампионка на 1500 метри и 3000 метри стиплчез, успее да избегне долга дисквалификација, нејзиното ослободување ќе биде меѓу најчувствителните во историјата на допингот во спортот. Минатиот 18 септември по изненадна проверка, кај Клод-Боксбергер (31) беше констатирано присуство на забранетата стимулативна супстанца ЕПО која предизвика вистински земјотрес во француската атлетика, затоа што самата атлетичарка не била свесно вклучена во допинг случајот.

Имено, Офели Клод-Боксбергер е класична жртва на љубомора. Момчето на нејзината мајка љубоморно на врската која француската атлетичарка ја имала со нејзиниот лекар во француската репрезентација, ја ставил на маса за масажа и без нејзино знаење и инјектирал ЕПО во телото за да ја „казни“ за романтична врска со националниот лекар. Станува збор за 62-годишниот Ален Флакус кој беше претходно беше избркан од федерацијата во 2003 година, откако Офели (тогаш малолетничка) го обвини за сексуален напад, но тужбата беше повлечена пред почетокот на кривичниот процес и тој продолжи како нејзин тренер, ментор и масер под притисок од нејзината мајка.

Во домот на Флакус, кој признал дека дејството врз Офели го направил од љубомора, полицијата пронашла ЕПО пакувања за кои човекот вели дека ги купил (класичен алиби) од непозат човек на паркинг. Според неговите зборови станува збор за човек кој имал источноевропски акцент. Француската антидопинг агенција и федерацијата се плашат од тоа дека Офели ќе докаже дека е допингувана без нејзино знаење, а со тоа ќе мора да и биде укината суспензијата. Тоа би отворило лавина на илјадници други кои можат да „играат на оваа карта“.

Флакус се соочува со можна затворска казна до седум години според француските закони.