Вардар ги минува едни од најтешките денови во изминатите години. Бранителот на титулата во Лигата на шампионите глава не може да дигне од повреди, па во последните седум кола забележа само една победа.

Македонскиот тим остана без „главното оружје“ кое беше главна одлика – одбраната. Како што кажа капитенот Стојанче Стоилов на дуелот пред Веспрем, тешко е да се игра одбрана во ситуација кога Вардар го нема на располагање сите ракометари.

По вчерашното 10. коло последно за оваа година, издвои девет моменти, еден од нив беше посветен токму за „црвено-црните“.

„Во последните седум рунди, Вардар победи само еднаш, се „лизна“ на шестото место на табелата, на пет бода зад второпласираниот Веспрем и на пет пред Мотор и Мешков.

Македонскиот тим не успеа да го пронајде својот одбранбен ритам. Бранителот на титулата прими 38 гола од Веспрем, 35 од Келце, 31 од Кил и 39 од Веспрем на првата средба.

Во првите 10 кола оваа сезона, Вардар прими 321 гола, ова е втората најголема бројка по Мотор Запорожје.

Промената на тренерското место, Едуард Кокшаров на местото на Давид Писонеро по петото коло не помогна, последниот летен егзодус значи дека Вардар не може да реплицира на она што го направи минатата сезона, кога успеа да дојде до титулата благодарение на нивната посветеност и грижа.

Доколку сака Вардар да дојде до четвртфиналето ќе мора нивните проблеми да ги решат“, се вели во текстот на ЕХФ.

Вардар има право да се надева на подобри денови, во вториот дел ќе биде комплетен.