Навистина чудна ситуација со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Tој игра стандарно во националниот тим, a откако заигра за Спортинг, сега повторно го нема во комбинација. Играше на мечевите со Австрија и со Израел, а кога се чинеше дека ќе се врати и ќе биде стандарден во првите 11 на Спортинг, него го немаше ниту на клупата на последниот дуел за својот тим.

Пред дуелите со Австрија и Израел тој одигра на два меча, на еден се најде на клупата, потоа ги одигра двата меча за селекцијата, и сега одново го нема.

Инаку во таборот на Риека по долго време се врати и Дарко Велковски. И тој исто како и Ристовски играше за селекцијата, а го немаше за тимот. Сега со Хајдук беше на клупата за резерви.