Филипе Кутињо не размислува за враќање во Барселона и целосно е фокусиран на работата во составот на Баерн (М).

Бразилецот се мачеше за време на својот престој на „Камп Ноу“ и конечно доби шанса за промена на средината минатото лето, па сега се надева дека ќе остане во Баварија подолг период.

„Овде се чувствувам многу удобно“, рече тој.

„Планирам да останам овде и по завршувањето на оваа сезона. Фокусиран сум на моето време поминато овде, и ако јас се прашувам, јас ќе останам овде и понатаму“, дополнил Бразилецот.

Баерн има опција да го купи Кутињо за 120 милиони евра, но прашање е дали германскиот шампион е подготвен за еден ваков чекор во јуни.