Вардар им се заблагодари на уште двајца ракометари од „златната“ генерација, која во последните три години обезбеди исто толку учества на фајнл-фор завршницата и освои два пехари во Лигата на шампионите.

Рожерио Мораес и Вуко Борозан на полувремето ги добија препознатиливите дресови од македонскиот тим.

Бразилецот по завршување на мечот, преку својот „Инстаграм“ профил се обрати кратко.

„Ви благодарам за одличниот пречек Македонци, пријатели, фанови..Засекогаш ќе останете во моето срце“, порача бразилскиот пикер.

 

Своја порака до „вардарци“ испрати и Марија Лојаница, која исто така на дуелот со Веспрем доби дрес во знак на сеќавање за деновите минати во Скопје.