Атлетико и Барса одиграа одличен натпревар во Мадрид, но на крајот гостите заминаа со трите бода. Херој на каталонскиот клуб уште еднаш беше Лионел Меси кој го постигна единствениот гол во 86. минута.

Меси уште еднаш ја покажа својата магија и на Барселона и ја донесе победата со која овој тим се врати на првото место во Ла Лига. Атмосферата на трибините синоќа беше извонредна, но наелектризирана. Подебелиот крај на крај можеше да го извлече токму херојот на Барса.

Аргентинецот го прослави голот во просторот пред домашните навивачи, а за време на прославата еден од навивачите се обиде да го погоди со чадор. Судиите го видоа тоа и го отстранија чадорот од теренот, но „Мундо Депортиво“ наведува дека главниот судија Матеу Лахоз воопшто не го спомнал во извештајот.

Барселона побара од челниците на Ла Лига веднаш да ги казнат навивачите на Атлетико за вакво однесување.