Само ден по новиот пораз во Лигата на шампионите на домашен терен од екипатана Веспрем, ракометарите на Вардар денеска ги спакуваа куферите и заминаа за Нови Сад. Таму веќе утре ги очекува нов меч од СЕХА Гаспром лигата против екипата на Војводина.

Во составот кој заминува се практично сите ракометари кои беа и на вчерашниот дуел со Веспрем. Во тимо повторно го нема голманот Артурс Кугис, кој на тренинг го повреди скочниот зглоб и од таа причина не играше и вчера против Унгарците.

Кристопанс ќе биде во составот, но нема да се ризикува. Вардар во досегашниот дел од сезоната во СЕХА лигата има скор од 6 победи и само еден пораз.