Антоан Гризман синоќа се врати на „Ванда Метрополитано“ каде што беше херој на Атлетико Мадрид, пред да стане дел од Барселона.

Неговото заминување на „Камп Ноу“ ги разбесни навивачите на Атлетико, кои вчера со свирежи го следеа секој негов потег.

Меѓутоа она што го направи Гризман во тунелот, сигурно нема да му се допадне на Симеоне. Тој минувајќи низ тунелот, само ја чепна сликата на Диего Симеоне.