Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино се врати во Аргентина во посета на неговиот поранешен клуб Њувелс Олд Бојс.

Почетино, кој беше отпуштен од Спарс минатиот месец, ја започна својата кариера во Њувелс Олд Бојс, минувајќи пет години во клубот и играјќи на 153 натпревари. Исто така, ова беше првпат Покетино да се појави во јавност откако беше разрешен од Тотенхем.

Покетино првпат зборуваше минатата недела по напуштањето на Тотенхем, и им се заблагодари на навивачите и рече дека ги постигнал „целите што беа поставени за него“ од клубот. И покрај тоа што не минаа ни две недели, гласините веќе го испратија во Манчестер Јунајтед. Откако Мурињо беше отпуштен од „црвените ѓаволи“ минатиот декември, Аргентинецот беше фаворит за негова замена, но тоа не се случи откако привремената позиција му беше доверена на Оле Гунар Солскјер.