Даниел Аврамовски оваа есен е најдобриот фудбалер на Вардар, на есенскиот првак, но најдобар е и во Лигата, и тоа убедливо и без дилеми. А вчера тоа во Струмица го покажа на најдобар начин, постигна два ефектни гола против Академија Пандев и им донесе радост на фановите на Вардар. Тие 3:0 за гостите од Скопје среде Струмица велат дека покрај Аврамовски, во тимот на колото мора да има место и за „малиот“ Ибиши кој одигра одлична партија, но и за искусните Новак и Брдаровски. Шкендија дома го победи Шкупи, а по два гола постигнаа Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор. Силекс ремизираше кај Работнички, покрај другите за тоа беа заслужни и Благојевиќ и Божиновски. Борец дома славеше со Ренова, стрелец беше Прелчец а во одбраната солиден пак Стојкоски. Струга ТЛ уште еднаш имаше добро издание, се разбира за тоа главен е Нијас Лена.

ИГРАЧ НА КОЛО

ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ

Тим: Вардар

Роден: 20.02.1995

Кариера: Работнички, Македонија ЃП, Ц. Звезда, ОФК Београд, Олимпија, Војводина, Вардар