Играчот на Реал Мадрид Лука Јовиќ, за прв пат искажа што правел додека го чекал трансферот во Реал Мадрид. Рече како го дочекал завршувањето на трансферот, а возбдувањето било огромно.

„Бев во автомобилот. Одев кон моето село. Нешто ми завибрира и видов дека на Инстаграм ме означи официјалната страница на Реал Мадрид. Не можам да го опишам тоа чувство, бев многу возбуден, иако веќе беше договорен трансферот, но имаше проблеми се обесштетувањето“, рече Јовиќ.