Македонската репрезентација до 19 години, утре ќе ги дознае своите ривали во елитната квалификациска фаза за пласман на ЕВРО 2020.  Ждрепката ќе се одржи во Нион со почеток од 12 часот.

Според коефициентот четата на селекторот Горн Станиќ се наоѓа во последната, четврта јакосна група, значи меѓу аутсајдерите. Репрезентациите ќе бидат поделени во седум квалификациски групи и само победникот ќе се пласира на ЕП кое следното лето ќе се одржи во С. Ирска. Но во случај на наш пласман на ЕП, тогаш автоматски ќе избориме и пласма на СП за У20 кое ќе се одржи во Индонезија во 2021 година. Да споменеме дека не можеме да се паднеме со Англија со оглед на тоа дека веќе игравме со таа репрезентација во квалификациите во Скопје. Исто така не можеме да се паднеме и со селекциите кои се наоаѓаат со нас во четвртиот шешир.

ПРВ ШЕШИР: Португалија, Австрија, Холандија, Англија, Италија, Шпанија,Грузија.

ВТОР ШЕШИР: Турција, Белгија, Чешка, Норвешка, Украина, Велс, Шкотска.

ТРЕТ ШЕШИР: Швајцарија, Германија, Франција, Бугарија, Хрватска, Исланд, Данска.

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Словачка, Словенија, Русија, Србија, Летонија, Финска, МАКЕДОНИЈА.