Титулата најдобар млад фудбалер за 2019 година според угледниот француски спортски магазин „Франс фудбал“ оди во рацете на холандскиот дефанзивец и член на Јувентус Матијас де Лихт. Тој победи силна конкуренција меѓу кои беа Португалецот Жоао Феликс, англискиот напаѓач Џејдон Санчо, потоа Винисиус од Реал Мадрид, Каи Хаверц од Баер Леверкузен, Матео Гендузи од Арсенал…

Де Лихт го наследува трофејот од Килијан Мбапе кој беше најдобар во оваа категорија минатата година.