Хенрик Мкхтарјан, најголемата фудбалска ѕвезда во историјата на Ерменија, веројатно е најучениот фудбалер откако постои оваа игра.

Познато е дека фудбалерите не се по книгата, но фудбалерот на Рома, а претходно и на Арсенал, Борусија Д, Шахтјор, Манчестер Јунајтед е надвор од ова правило. Замислете Мкхтарјан активно говори девет јазици, а има завршено и два факултети. Тој дипломирал на Физичко и Економија, а сака да се запише и на Правен.

На последниот меч на Рома, кога новинарите го прашале за изјава Ерменецо перфектно одговорил на Италијански, јазик кој го научил за три месеци. Ако се смета и неговиот мајчин Ерменски јазик, тогаш тоа се веќе два јазика.  Руски знае од мал, мајка му е Рускиња, а укрански научил кога играше во Шахтјор. Знае нормално англиски, германски и шпански. Португалски научил во Бразил, кога на 13 години престојувал 4-5 месеци во Сао Паоло.

Инаку Хенрик е роден во Франција, татко му играл во Валена, но починал од рак на мозокот кога Хенрик имал само седум години, по што морал да се пресели во неговата Ерменија. Во тој период го научил и францскиот кој е деветти јазик со кој овој фудбалер се користи.

Навистина интересна биографија за Ерменецот.