Кога ќе се загуби на едно супер – дерби, секако дека и емоциите проработуваат. Па така како што дознаваме веднаш по натпреварот во саботата меѓу Тиквеш и Брегалница, дерби кое гостите го добија со 2:0, тренерот на домашните Раде Ццимиловиќ понудил оставка, и тоа по само три меча водење на тимот.

Нормално дека челниците на клубот веднаш ја отфрлиле, неофицијално кажале дека на него сметаат на подолги патеки. Па така Раде Цицмиловиќ останува шеф на стручниот штаб на Тиквеш, во наредните денови ќе се одржи состанок на кој ќе се донесе планот и програмата за зимските подготовки и за тоа со кои играчи клубот ќе разговара како би го засилиле Тиквеш со една цел, а таа е напролет да биде подобро и кавадарчани да се вратат во игра за првото место кое води во Првата лига.