Голден Стејт останува на четири победи во досегашниот дел од сезоната во НБА-лигата и со дури 18 порази остана на последното место на табелата во Западната конференција.

Вориорс влегоа во нова серија на порази, овој пат во три во низа, откако на гостувањето кај Атланта беа поразени со 104-79.

Голден Стејт беше рамноправен само во првата четвртина, по што домашниот тим предводен од Јанг и неговите 24 поени и 7 асистенции лесно го урна отпорот на противникот. Во редовите на Вориорс, Ерик Паскал имаше 24 поени, 9 скока и 6 асистенции.

За Атланта ова беше само петта победа оваа сезона, со 16 порази се наоѓа на 14. место во Источната конференција.

Резултати: Шарлот – Феникс 104-109, Филаделфија – Јута 103-94, Атланта – Голден Стејт 104-79, Мемфис – Индијана 104-117, Милвоки – Њујорк, Сакраменто – Чикаго 106-113.