Еден од домаќините на гала вечерта на доделувањето на „Златната топка“, имаше интересна приказна. Дидие Дрогба кажа дека мора по 10 години да му се одолжи на Килијан Мбапе, да му даде автограм, но и да направи со него селфи.

Некогашниот фудбалер на Челзи и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска истакна…

„По тој меч меѓу Челзи и Барселона, во кој ние бевме елиминирани, јас уште нервозен не му дадов автограм на едно дете кое ме замоли за такво нешто. По извесно време сфатив дека тоа дете било Килијан Мбапе. И сега ја исправам грешката, ќе направиме заедничко селфи“.