Како што известуваат од таборот на шампионот, тренерот Ернест Ѓока решил за утрешниот прв 1/4 финален меч од Купот, меѓу Шкендија и Работнички, да го изостави од списокот Бесарт Ибраими.

Исто така во комбинација не е и искусниот дефанзивец Мецит Незири. Не станувало збор за никакви повреди, туку поради замор со оглед на згуснатиот распоред во овој дел од сезоната.

А веројатно и за чување на силите за во недела, кога тетовци му гостуваат на есенскиот првак  Вардар во рамките на последното есенско коло.

Кога сме кај Ибраими, да споменеме дека тој во неделата против Шкупи постигна два гола и со тоа го надмина рекордот на Баже Илијоски од 166 голови, Бесарт сега е прв на вечната листа со 167 погодоци.