Репрезентативецот на БиХ во редовите на Јувентус, Миралем Пјаниќ, кој синоќа беше избран во идеалната постава во Серија А за сезоната 2018/2019 имаше интересен коментар за однесувањето на Кристијано Роналдо на церемонијата на доделувањето на „Златна топка“.

„Роналдо не е навикнат на тоа да не победува и да не ја добива главната награда. Жал ми е за него, најдобар е веќе со години. Направи толку многу работи во фудбалот и има толку многу постигнато“, прокоментира Пјаниќ.