Кристијано Роналдо вчера во Милано го доби признанието за најдобар играч во Серија А за оваа година. Португалецот се најде и во идеалниот тим на ова натпреварување.

„Горд сум што ја добив наградата за најдобар играч во Серија А. Им благодарам на моите соиграчи, како и сите оние кои гласаа за мене. Минатата година ми беше прва во Италија, навистина тежок шампионат, но јас сум среќен. Сакам да го остварам истото како минатата година“, рече Роналдо на доделувањето.