Петтиот пораз во низа во групната фаза од СЕХА лигата македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник го претрпе во мечот со ППД Загреб, 27:28 (12:16) пред своите фанови во Битола.

„Фармацевтите“ одиграа убав натпревар, имаа добри моменти и во нападот и во одбраната, и Митревски и Чаневски имаа свои моменти во полувремето во кое играа, но екипата не успеја да ја реализира ниту една од неколкуте шанси кои ги имаа за егал.

Остроушко со 7 гола и Ѓукиќ со 5 погодоци беа најефикасни кај Еурофарм Работник.

Хрватскиот шампион тргна сигурно, 1:3, 3:6, 5:8, а првата шанса за изедначување Еурофарм Работник на имаше во средината на првиот дел (7:8) кога по одбраната на Митревски се создадоа услови за контранапад, но Ристановиќ одбрани зицер, а Хорват казни за нови два гола предност на хрватскиот првак, 7:9.

Подоцна Хорват од пенал ги постави највисоките +4 (10:14) во 25 минута, додека на полувреме Загреб замина со 12:16.

Чаневски со три интервенции го отвори второто полувреме, па пет ипол минути гостите немаа гол, додека Еурофарм Работник имаше серија од 3:0, но Златко Хорват од пенал стави крај на постот.

Потоа во пет-шест наврати „фармацевтите“ имаа нова шанса за изедначување која никако не успеаја да ја искористат, па така со еден гол разлика и го загубија мечот, 27:28.