Неверојатни детали доаѓаат од Милано. Според тамошните медиуми, Кристијано Роналдо за време на церемонијата на доделување на наградите за најдобрите во Серија А бил во својот автмомобил, кога дошол моментот на прогласување, излегол го примил признанието, а потоа веднаш се вратил во Торино.

„Неверојатно. Кристијано Роналдо чекаше во својот автомобил во него остана се додека не беше прогласен за најдобар играч во Серија А. Кога дојде тој момент влезе во салата со големо обезбедување кое не им дозволи да камерите да го снимаат неговото доаѓање“, пиша еден италијански новинар.

Според многумина, причината за ваквиот потег на Португалецот е да ги избегне прашањата за „Златната топка“.