Македонскиот интернационалец Јани Атанасов се врати во првиот тим на Бурса по пауза од четири меча и неговиот тим доживеа пораз на гостувањето кај Ерзурум во првиот меч од турскиот Куп. Бурса изгуби со 4:2, па ќе мора сериозно да одигра на реваншот за да ја надополни оваа негатива во осминафиналето на турскиот Куп. Атанасов денеска асистираше за првиот гол на Бурса. Тој изведе корнер, убаво ја нафрли топката пред противничкиот гол, а таму Џунејт Коз ја смести во мрежата.
Ова е четврти меч на кои ги игра сите 90 минути за Бурса. На почетокот на сезоната ги одигра првите три натпревари, а цел меч одигра против Бајбурт во Купот во октомври.

Не остваривме добар резултат, но верувајте, можеме да одиграме добро на реваншот и да ја надополниме негативата. Ние сме подготвени да го урнеме ривалот на домашен терен“, изјави Атанасов после мечот.