Докторот на Динамо Загреб, Ивица Смодек за ХТВ го објаснува процесот на допинг контрола во Лигата на шампионите и ја откри вистината за Аријан Адеми, кој по дуелот со Арсенал падна на допинг тест и доби четиригодишна суспензија, која беше намалена од страна на УЕФА, откако македонскиот репрезентативец докажа дека е невин.

„По една од најголемите европски победи на Динамо, 2-1 против Арсенал следеше допинг афера. Аријан Адеми беше позитивен на допинг и постана жртва во борбата против нулта толеранција.

Имено на Адеми му беше доделена четиригодишна суспензија, а откако на суд докажавме дека е невин, казната не му беше укината, туку само намалена. Година дена водеше судска битка, УЕФА му ја намали само на две години“.

Смодек објасни што се случило…

„Адеми зема еден лек, една таблета. И како што прават сите останати фудбалери за секој лек што го земаат, дали е капки за нос или слично…го донесе да го провериме. На тој лек не стоеше дека содржи забранети сусптанци, но во текот на изработката на истиот бил измешан со нешто незаконско. Ние тоа го докажавме на суд“.