Бадијала подобрата игра, шансите, пеналот кога Шкупи не знаеше како сето тоа да го материјализира во голови. Но затоа Академија Пандев, тимот кој што го брани трофејот, и тоа знаеше како. Се играа последните мигови од средбата кога Темелков погоди за 1:0, за голема победа на струмичани. Инаку ова на Темелков му беше првиот меч откако се врати на терен по повредата.

Секако дека уште ништо не е готово, има да се одигра и реваншот, но сега А. Пандев се прашува.