Навивачите на ФК Сараево излегоа на протест пред просториите на клубот за да го искажат своето незадоволство поради одлуката на раководството на „Бордо“ тимот да го отпушти тренерот Хусреф Мусемиќ. Она што посебно ги налути најжестоките навивачи е што управата закажа состанок со нив денеска, но го откажа.

Од клубот се оправдаа дека навивачите организирале протест, па раководството не можело во таква ситуација да излегува на средба со нив. Навивачите носеа транспаренти во стилот „Управа надвор“, „Ќе добиете ќотек ако ве начекаме…“ и слично.

Нив им се придружија и некои поранешни фудбалери. Полицијата го осигура просторот и не дозволи протестот да ескалира.