Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше симпатичен гаф на средбата со медиумите по натпреварот против Барнли. Тој зборуваше за играта на својот тим по натпреварот кога одеднаш се префрли на Баерн Минхен, клубот кој претходно го водеше и ги насмеа сите присутни.

„Мислам дека Баерн Минхен… Оф, Баерн Минхен, Манчестер Сити… Баерн Минхен? Кој к*р? Не знам на што мислев“ – прокоментира низ смеа Гвардиола.