Ристе Темелков беше човекот кој што ја доближи Академија Пандев до полуфиналето до Купот. Тој после неколкумесечна пауза поради повреда, се врати на теренот, влезе во игра, и во судиското надополнување погоди за предност на „Академците“ од првиот меч против Шкупи и тоа на „Чаир“.

„Помина тежок период зад мене, поради повредата. Среќен сум што на првиот настап постигнав гол и пред се сум среќен поради победата. Се надевам дека после овој меч ќе почнеме една долга серија на победи, со оглед дека влеговме во една мала криза од неколку меча на кои немавме победа“, рече Темелков за „Спортмедиа“.