Дејан Недев е избран меѓу четирите светски ИТКФ карате легенди, кои оваа седмица ќе одржат карате семинар во Куритиба, Бразил заедно со Рикардо Луис Буци-Бразил, Хусто Гомез-Аргентина и Мусат Корнел-Романија, сите повеќекратни светски, европски и панамерикански шампиони.

Ова е голема чест и признание за нашиот каратист од Светската карате федерација ИТКФ. Според програмата СП ќе се одржи на 6,7 и 8 декември, а за Македонија ова ќе биде 15-то учество на светските шампионати.