По историскиот пласман на Европското првенство па и добрите резултати на истото, македонските одбојкари ја добија и привилегијата во 2020 година да дебитираат во највисокиот натпреварувачки ранг „Златната Европска лига“.

Со оглед дека е 21-ви на ранг-листата на ЦЕВ, македонскиот тим во мај и во јуни ќе одигра најмалку шест натпревари со исклучително квалитетни противници. Во престижната конкуренција највисокорангирана е Белгија како шеста одбојкарска сила на континетот, а зад неа, но во првите десет е и Холандија. Покрај нив, ќе учествуваат и Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија и Португалија, како и послабо рангираните од нас Белорусија и Романија.

12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи со по четири,секој ќе одигра со секого дома и на гости, првото коло е планирано за викендот на 23-ти или на 24-ти мај, а последното, шесто, на 13-ти или на 14-ти јуни. Завршниот турнир ќе биде закажан на 20-ти и на 21-ви јуни.