Играчот од средниот ред на италијанскиот шампион Јувентус, Сами Кедира претрпе операција на коленото и ќе биде надвор од терените подолг период.

Според денеска потврдените информации, 32-годишниот фудбалер беше подложен на операција на коленото вчера, а закрепнувањето се очекува да трае приближно три месеци. Така, Сами веројатно ќе се врати на теренот на почетокот на март следната година.

Поради проблеми со коленото, Кедира не беше дел од Јуве на последниот меч со Сасуоло кој заврши само 2:2. За време на медицинските тестови, беше откриено дека има оштетување на лигаментите.