Њукасл вечерва игра против Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер лигата, а во составот на „страчките“ од првата минута ќе игра Енди Керол. Поранешниот англиски репрезентативец се најде во нападот во формацијата 4-5-1, а тоа е вредно за одбележување. Зошто?

Затоа што последниот настап од првата минута во првенствен меч го имаше пред речиси девет години или точно 3126 денови! Стив Брус е менаџер кој сака да ги ротира фудбалерите, па дојде редот на Керол да биде во првиот тим место Жоелингтон. Ќе видиме како ќе одигра.

Керол имаше вртоглав пад на кариерата. После одличните настапи за Њукасл од 2008 до 2011 година следуваше трансфер во Ливерпул и голем застој. Не се снајде на „Енфилд“, не се изнаигра ниту во Вест Хем, па оваа година се врати во Њукасл.