Во пресрет на утрешното дерби меѓу Интер и Рома, култниот спортски весник Кориере дело Спорт утринава излезе со скандалозна насловна. Во преден план се Лукаку и Смајлинг, а насловот е „Црн петок“. Весникот со стогодишна традиција, кој во неколку наврати беше и најчитан во Италија е цел на разни коментари, и токму во времето кога Европа, а посебно Италија со бори против расизмот.

Убаво се гледа каква е идејата на уредништвото на Кориере дело Спорт. Еден против друг се двајца црномурести играчи, а преку нив насловот Црн петок. Крајно невкусно, скандалозно.

Јасно е дека Кориере се брани дека ова е нивното оружје во борбата против расизмот, но 99% од читателите се сложуваат дека е чисто расистичка насловна.