Чоло Симеоне и неговите момци и трета средба во серија не успеваат да и се израдуваат на победата. Во премиерата на 16. коло во Ла Лига, вечерва мадриѓани освоија само еден бод на гостувањето кај „грогираниот“ Виљареал играјќи без голови, 0:0.

Атлетико во минатото коло го загуби дербито со Барселона, а претходно одигра само нерешено кај Гранада. Вечерва избраниците на аргентинскиот стратег не успеаја да слават ниту кај екипата на Виљареал, која годинава е во страшна криза и веќе 6 меча не знае за победа во шпанската елита. Со овој бод, Атлетико останува на 6. место на табелата со дури 5 бода минус во однос на големите ривали за титулата Барселона и Реал (М), кои сега имаат и по два меча помалку од „јорганџиите“.

Standings provided by Sofascore LiveScore