Денвер го надигра Њујорк со 129:92, а мечот беше решен се чини во првиот дел кога Денвер имаше 22 поени разлика. Така тренерот Мајк Мелоун во продолжението го смени тимот, им даде шанса на оние кои поретко се на теренот, и на крајот славеше триумф.

Хјустон славеше против Торонто со 119:109. Речиси цело време беше „егал“, а во текот на третата четвртина дури и Торонто имаше предност. Клучни за победата на Хјустон беа тројките, односно подобриот учинок од противникот. Меклемор од Хјустон даде 28 поени, Харден 23. Кај Торонто Сијакам уфрли 24 поени.

Вашингтон беше подобар од Филаделфија со 119:113, и покрај тоа што Филаделфија беше подобра во поголемиот дел од првото полувреме.

Најдрамтично беше на дуелот меѓу Њу Орлеанс и Феникс, каде гостите триумфираа дури по продолженијата. Санс во регуларниот дел испушти и предност од 20 разлика. Во продолжението Санс имаа порасположени играчи, и заслужено победија.

РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Филаделфија 119:113
Њујорк – Денвер 92:129
Торонто – Хјустон 109:119
Њу Орлеанс – Феникс 132:139 (по продолженија)