Денеска со ждрепка беа утврдени двојките за осминафиналето од Купот на Италија. Најинтересен ќе биде дуелот меѓу шампионот Јувентус и тимот на Удинезе на нашиот репрезентативец Илија Несторовски, додека Горан Пандев и неговата Џенова во битка за четврфиналето ќе се сретнат со екипата на Торино.

Наполи, пак, на Ељиф Елмас, во оваа рунда од Италијанскиот куп за противник ќе ја имаат екипата на Перуџа, која направи изненадување со елиминацијата на Сасуоло.

Првите дуели се играат меѓу 15 и 22 јануари, а точните датуми допрва треба да се одредат.

КУП НА ИТАЛИЈА

ОСМИНАФИНАЛЕ:

Наполи – Перуџа

Лацио – Кремонезе

Фиорентина – Аталанта

Интер – Каљари

Милан – СПАЛ

Парма – Рома

Торино – Џенова

Јувентус – Удинезе