Играчите на Интер и Рома, Ромелу Лукаку и Крис Смолинг, го осудија денешното издание на весникот „Кориере дело спорт“ во кое беше објавена насловна страница со нивните ликови и со наслов „Црн петок“.

„Наместо да се фокусира кон дуелот, Кориере дело спорт излегува со најглупавата насловна која сум ја сретнал во животот“, напиша Лукаку на својот профил на Твитер.

„Се надевам дека оние кои го напишале ова и уредниците ќе превземат одговорност“, напиша Смолинг.

Се огласи и уредникот на весникот кој изјавил дека нема намера да се извинува, и дека насловот е разбран во погрешна смисла.