Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја обнови идејата за создавање на Европска Суперлига во фудбал.

Станува збор за нова верзија на веќе познатата идеја за формирање на заедничка лига на „богаташите“. Според идејата на Перез, Суперлигата ќе се состои од две дивизии, во кои ќе бидат вклучени 20 клуба од најдобрите 5 национални шампионати во Европа. Во овој момент, тоа би биле англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А, германската Бундес лига и француската Лига 1.

Екипите кои би играле во оваа Суперлигата нема да учествуваат во националните првенства на нивните земји. Турнирот ќе има систем на промоција и испаѓање од првата и втората дивизија.

Претседателот на Реал Мадрид ја истакна својата идеја пред шефот на ФИФА Џани Инфантино и претставниците на некои од најдобрите клубови во Европа. Се претпоставува дека учеството во Суперлигата ќе им овозможи на тимовите да ги удвојат приходите.