Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар, не смета на искусниот Мануел Штрлек на престојното Европско првенство. Тој во изјава за „Спортске новости“ откри дека со Лино си кажале што имаат да си кажаат, и на крајот донел одлука да не игра за репрезентацијата.

„Едноставно не се најдовме, и јас решив да повлечам потез. Искрено разговаравме, потполно отворено и селекторот и јас. Си рековме еден на друг што ни лежи на душа, и јас сега не би го изнесувал тоа во јавност. Јас не сум со нив, но со срце ќе навивам за нив, и да се вратат со злато“, рече Штрлек.

Ова не е прво несогласување на Червар со некој репрезентативец. Во минатото ги имаше многу, а како селектор на Македонија, се замери и со Борко Ристовски.