Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна прекрасен гол во победата на Лидс на гостувањето кај Хадерсфилд во јоркширското дерби, а тој го прослави погодокот ставајќи ја раката под нозот гестикулирајќи мустаќи покажувајќи со прст кон некого во публиката, поради што предизвика реакции во медиумите. Навивачите како и медиумите го обвинија дека шири нацизам и дека поздравот е нацистички.

Алиоски објаснуваше што всушност сакал да направи.

Се смеам на што се луѓето помислуваат. Па тоа е лудо. Не ми беше тоа намерата. Тој гест беше кон тренерот затоа што пушти бркови за Мовембер (ноември, месецот на машкото здравје) и рече дека нема да ги бричи додека не изгубиме. Толку имам да кажам. Ништо навредливо“, изјави Алиоски.