Откако остана без работа по отказот од Баерн Минхен, Нико Ковач се поврзува со многу клубови. Но, и натаму е без ангажман. За него се интересираа Херта, Борусија Дортмунд, меѓутоа и натаму нема клуб.

Но, денеска се појавија информации дека наводно Ковач бил виден на дуелот Евертон – Челзи. Со оглед дека тимот од Гудисон нема тренер, англиските медиуми јавуваат дека Ковач би можел да го превзеде плавиот тим од Ливерпул.