Барселона има водство од 4:1 на полувремето против Мајорка, а момент кој ги обележа првите 45 минути од средбата е фантастичниот гол со пета на Луиз Суарез.

Де Јонг му асистираше на Суарез, а овој со стил, од зад грб ја смести топката во мрежата на Мајорка за четвртиот погодок за каталонците пред полувремето.

Гризман го отвори мечот со погодок во седмата минута, а потоа Меси беше стрелец на два гола (17 и 41 минута). Анте Будимир го постигна единствениот гол за Мајорка во првиот дел во 35. минута.