Стивен Џерард и шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс наскоро ќе потпишат нов договор за продолжувањ ена соработката. Според потврдените клупски информации, новиот договор на легендата на Ливерпул со тимот од „Иброкс“ ќе биде до 2024 година.

Според информациите, легендата на Ливерпул веќе ги договори деталите за договорот со управата на тимот и наскоро и официјално ќе го потпише неговиот нов договор. Стиви Џи се претвори во лидер на Ренџерс уште од преземањето на клубот во летото 2018 година, а за првпат годинава екипата беше вистински претендент за титулата. Во моментов разликата меѓу Селтик и Ренџерс е само два бода.

Ренџерс, исто така, има добри шанси за пласман во 1/16-финалето на Лигата на Европа со победа над Јанг Бојс на домашен терен во четврток.