Утре во Скопје со почеток од 13 часот на Арената „Тодор Проески“ се игра мега-дербито меѓу Вардар и Шкендија бр.60.

Информациите од таборот на есенскиот првак говорат дека домашниот тим ќе биде хендикепиран, поради повреда нема да настапи Кристијан Тошевски кој оваа есен ја одигра одлично .

Шкендија пак во Скопје доаѓа комплетна, барем така е до утринава во пресрет на последните тренинзи. Во тимот се враќаат Бесарт Ибраими и Меџит Незири кои го прескокнаа куп дуелот со Работнички.