Одличната серија од седум победи во низа на Ненад Димитријевиќ и Хувентуд заврши денеска со поразот од Басконија, 87:86, во 12. коло од АЦБ лигата.

Македонскиот интернационалец беше во центарот на вниманието кога од негатива 66:43 за Хувентуд, тој имаше пет поени во серија од 0-15 и заедно со одличната одбрана го донесоа тимот на 66:58. Сепак не успеаја да се изборат за комплетен пресврт и победа.

Димитријевиќ мина 14:55 минути на паркетот постигна осум поени и имаше и три асистенции.