Филип Гачевски одново е „активен“ на социјалните мрежи кога станува збор за дербито Вардар – Шкендија. Откако неговиот тим успеа да ја задржи предноста од осум бода, капитенот на Вардар повторно се огласи со Фејсбук статус, пишувајќи дека сега е -8 во Тетово, и дека ќе им треба дрва за греење.

„Иако многу не веруваа во нас од самиот почеток, ние верувавме, веруваа нашите навивачи и луѓето кои го водат клубот. Во Скопје моментално е +8, а во Тетово -8, ќе мора да набават што повеќе дрва, зимава да не им е ладно. Комити и Војводи засекогаш браќа, Вардар е светост, Вардар е гордост, Вардар е Македонија“, напиша Гачевски.