Сонот стана реалност. Екипата на Имоко Волеј од Италија е новиот светски клупски шампион откако во финалето во Шаоџинг, Кина го победија турскиот гигант и двоен светски шампион Еџзаџибаши од Истанбул со 3:1 (22:25, 25:14, 25:19, 25:21).

Имоко, инаку вицешампион на Европа, дојде со скромни амбиции, а се надмина себе си. Ги доби сите пет натпревари на светскиот клупски шампионат.

Блескава партија на турнирот имаше Паола Егону која со 34 поени практично го влечеше тимот до светската круна. Ова е втор трофеј годинава за Имоко откако претходно го освоија италијанскиот Супер куп.