Наполи, наводно, крева раце од актуелниот тренер на тимот, Карло Анчелоти. По вчерашниот неуспех на гостувањето во Удине и падот на 7. место на табелата, наскоро, Анчелоти ќе добие отказ.

Според „Калчомеркато“ , претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис веќе ставил на хартија три потенцијални замени за поранешниот тренер на Челси и Реал Мадрид, со тоа што Џенаро Гатузо би го преземал клубот сега и би го водел до обезбедување на целосно тренерско решение.

За постојани тренерски решенија се споменуваат Масимилиано Алегри и поранешниот менаџер на Наполи, сегашен селектор на Албанија, Еду Реја.