Стефан Ашковски беше еден од најзаслужните за големата победа на Ботошани на свој терен против Клуж, и тоа со 2:1. Македонецот во 14.минута успеа да постиге гол за водство на својот тим од 1:0.

Инаку ова беше меч од 20.коло, а Ботошани сега се наоѓа на седмата позиција, благодарение на оваа победа, но и на голот на Ашковски. За нашиот интернационалец тоа беше вкупно пети гол во шампионатот, со што се наоѓа во горниот дел на листата на стрелците.