По триумфот над Парма во минатото коло, екипата на Милан врза и втора победа во Серија А. На вечерашното гостување во Болоња, „росонерите“ обезбедија победа од 3:2 во меч во кој беа подобар тим од домашните и имаа константна предност и контрола на мечот.

Милан отвори со голот на Пјонтек во 15. минута од пенал, а веќе во 32. минута со погодокот на Ернандез дојде и до водство од 2:0. Само 8 минути подоцна, Eрнандез повторно погоди, но сега во сопствената мрежа и ја врати Болоња во игра.

 

Милан извонредно го почна и второто полувреме и по само 60 секунди со голот на Бонавентура поведе и со 3:1. Оваа предност гостите ја одржаа се до 84. минута, кога Болоња доби пенал, а Сансоне го претвори во гол за 2:3.

 

Вечерашниот дуел го одбележа и враќањето на Синиша Михајловиќ, кој беше пречекан со овации од домашната публика.

Standings provided by Sofascore LiveScore